8 уникатни животни кои изгледаат нереално
Кога ќе ги погледнете овие животни, сигурно ќе помислите дека митските еднорози изгледаат пореално од нив.
Некои видови животни се многу распространети и навистина сме навикнати на нивниот изглед. Но некои животни, особено ако се ендемски вид, можат да ни изгледаат како да се од друга планета.
Осум животни кои изгледаат нереално:
Гуштер од видот Chlamydosaurus kingii
Овие гуштери живеат во северна Австралија и јужна Нова Гвинеја и имаат многу специфичен изглед.
Тие имаат кожа која е „здиплена“ околу нивниот врат и можат да ја рашират за да ги заплашат предаторите.
Овие гуштери се хранат со инсекти и мали ’рбетници, а можат да стигнат должина од околу 85 сантиметри.
Птици од видот Casuarius
Постојат три различни видови од овие птици, а сите три изгледаат навистина необично. Птиците имаат црно тело, а на вратот и главата имаат живи бои како сина, жолта и црвена.
Овие птици живеат во тропските шуми во Нова Гвинеја, во Индонезија и Австралија.
По нојот и емуто, тие се најтешките птици на планетата.
Гуштер од видот Moloch horridus
Поради своите рогови, овој гуштер неретко е нарекуван и „планински ѓавол“.
Овие гуштери живеат во Австралија и достигнуваат должина до 21 сантиметар.
Водна желка од видот Carettochelys insculpta
Овие необични желки живеат во Австралија и Нова Гвинеја, а препознатливи се по нивниот нос кој е како на прасе.
Тие имаат мек оклоп и достигнуваат должина до 75 сантиметри.
Интересно е што иако се слатководни, нивната анатомија премногу наликува на онаа на морските желки, а ова е уште една карактеристика што ги прави уникатни.
Риба од видот Psychrolutes marcidus
Поради смешниот изглед, овие риби се сметаат за едни од најгрдите во светот.
Тие живеат во водите на Австралија и Нов Зеланд, и тоа на длабочина од 1.200 метри. Овде притисокот на водата е до 120 пати поголем отколку на површината, а ова донекаде го објаснува нивниот изглед.
Антилопа од видот Saiga tatarica
Овие антилопи изгледаат како суштество од некој мит.
Нивните рогови изгледаат како да се изрезбарени, а највпечатлив е нивниот долг нос.
За жал, ова е загрозен вид кој живее во Евроазија.
Окапи (Okapia johnstoni)
Поради својот изглед, ова животно е нарекувано и шумска жирафа, па дури и зебра-жирафа.
Живее во Демократска Република Конго и иако има шари како на зебра, генетски е поблиску до жирафата.
Овие животни се високи околу 1,5 метри, а достигнуваат должина до 2,5 метри.
Риба од видот Оgcocephalus darwini
Овие необични риби живеат во водите на островите Галапагос и Перу, на длабочина до 76 метри.
Тие не пливаат, туку се движат со помош на малите нозе, имаат израсток кој личи на голем нос, а нивната уста има многу црвена боја.
Спирова С. | Црнобело