Коњите спијат само 15 минути - Неверојатни животни кои речиси никогаш не спијат

Некои видови китови спијат помалку од 20-тина минути во 24 часа, а поради ова тие се цицачите на кои им треба најмалку сон.

Neverojatni-zivotni-koi-nikogas-ne-spijat-01.jpg

За скоро сите животни, спиењето е една од најважните работи, бидејќи има повеќе функции освен основната, а тоа е одморот.

Кај животните сонот може да се објасни како состојба на промена на свеста, при што се намалува осетливоста на надворешни стимулациии и настапува целосен одмор на нервниот систем, покрај основното одмарање на мускулатурата.

Ова е забележано кај повеќе видови животни од кои најголемиот број се цицачи, но се среќава и кај водоземците, влекачите, птиците, како и кај некои видови на риби и инсекти.

Нивниот внатрешен часовник, којшто е 24-часовен циклус поврзан со изгревањето и заоѓањето на Сонцето, им кажува кога е време за спиење.

Но, некои видови животни речиси воопшто не спијат, или пак спијат на таков начин што тоа не би можеле да го сметаме за спиење:

Жирафи

Во заробеништво, жирафите спијат само четири или пет часа, најчесто навечер, но во дивината тие спијат само на кратки интервали. Може да се забележат како спијат додека лежат или, што е најчудно, додека стојат.

Вториов начин на преспивање најчесто го практикуваат постарите жирафи.

Тие исто така можат да влезат и во неправилна фаза на длабок сон, каде го виткаат вратот и се потпираат со главата на сопствениот бут или колк. Вака тие се одмараат, но истовремено имаат брзи движења на очите, а намалена активност на мускулите.

kojnite-spijat-samo-15-minui-neverojatni-zivotni-koi-nikogas-ne-spijat-02.jpg

Делфини

Кај делфините се забележува состојба која се нарекува унисферен сон. Ова значи дека додека едната половина од нивниот мозок спие, другата половина од мозокот внимава делфинот да е постојано близу до површината на водата за да може да дише и истовремено да внимава на предатори.

Овој вид на спиење се менува наизменично помеѓу двете хемисфери на мозокот за да може да се добие доволно одмор за целиот мозок.

kojnite-spijat-samo-15-minui-neverojatni-zivotni-koi-nikogas-ne-spijat-03.jpg

Коњи

Неверојатно, но коњите можат да издржат со само два часа сон дневно, со таа разлика што очигледно на младите коњи им е сепак потребен повеќе сон отколку на возрасните.

Коњите спијат многу кратко, само по околу 15 минути, а можат да спијат и стоечки и лежечки, слично како жирафите.

Коњите најдобро и најчесто спијат во групи, заради дополнителна заштита. Примарниот инстинкт за преживување им е многу силен и затоа не можат да спијат кога се сами.

kojnite-spijat-samo-15-minui-neverojatni-zivotni-koi-nikogas-ne-spijat-04.jpg

Китови

Слично како делфините, така и китовите не смеат да заспијат долго, бидејќи може лесно да се удават.

Постојат повеќе видови китови кои спијат вертикално, нишајќи се на површината на водата, по само 5 до 15 минути.

Всушност, со оглед на тоа дека сонот сочинува само 10% од нивните дневни активности, тие најверојатно спијат најмалку од сите цицачи.

kojnite-spijat-samo-15-minui-neverojatni-zivotni-koi-nikogas-ne-spijat-05.jpg

Ноеви

Ноевите се многу смешни суштества. Тие всушност спијат стоејќи исправено со обете очи отворени (слично како клунарот) и тоа трае околу 6 часа.

Ова им овозможува на птиците да ги одморат мозокот и телото, додека се всушност будни и внимаваат на предаторите.

Кога се навистина многу уморни, можат да влезат во подлабока состојба на сон каде ја спуштаат главата на само петнаесетина минути.

kojnite-spijat-samo-15-minui-neverojatni-zivotni-koi-nikogas-ne-spijat-06.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Најсмртоносните животни и инсекти за луѓето (дел има и во Македонија) Што мислите, кој убива повеќе луѓе годишно – отровните змии или комарците? Шт...
Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg