Го прегрнувате и уште 8 грешки со кои можете да предизвикате агресија кај кучето, според ветеринари
Некои кучиња не сакаат прегратки
Прегратките можат да бидат многу непријатни за кучињата. Всушност, повеќето кучиња ги гледаат прегратките како закана.
Ако сакате да го прегрнете вашето куче, дозволете тоа да биде иницијатор и никако немојте да го стискате силно со рацете.
Правосмукалката е најстрашниот предмет во куќата за многу кучиња
Кучињата имаат многу подобар слух од нас, па предметите што прават силна врева, како правосмукалка, им предизвикуваат страв, дури и гнев.
Ако и вашето куче бега кога ќе ја здогледа правосмукалката, затворете го во друга просторија додека да исчистите или, уште подобро, некој нека го изнесе надвор.
Не треба да го присилувате кучето да се социјализира
Иако повеќето кучиња се пријателски настроени и сакаат да си играат со други кучиња, некои од нив не се секогаш расположени за дружба.
Ако забележите дека вашето куче не се чувствува пријатно во друштво на други кучиња, не го присилувајте да се меша со нив бидејќи може да стане агресивно.
Наместо тоа, почесто шетајте го на места каде што има други кучиња, без да им се приближувате, за да се навикне на таква средина.
Кучињата не сакаат да ги влечете кога душкаат нешто
Дозволете му на вашето кучето да истражува додека го шетате бидејќи тоа е негов природен инстинкт.
Немојте да го влечете, особено кога изгледа дека надушкало нешто за него многу интересно. Во спротивно, постои можност да покаже агресија.
Казнувањето има спротивен ефект
Казнувањето на кучето за да го научите што треба да прави, а што не, најчесто има спротивен ефект.
Сигурно не треба да објаснуваме зошто удирањето на кучето не е во ред и зошто може да предизвика агресија.
Најдобро е да го тренирате кучето со награда – кога ќе направи нешто добро, дајте му од омилената храна.
Спирова С. | Црнобело