10 грешки со кои им наштетуваме на кучињата
6. Оставате отровни супстанци на дофат
Мора да научиме дека кутрињата се како деца – ќе ја дофатат ситницата која најмалку треба. За да спречите внатрешни труења и други проблеми, тргнете ги од дофат сите отровни предмети и супстанци.
7. Го облекувате кога не е неопходно
Облеката може да наштети на кожата и крзното на кучето, затоа внимателно што и колку често му облекувате.
8. Користите несоодветни поводници
Поводниците кои служат како „закана“ за кучето да нè влече додека шета, односно моделите со боцки на вратот не се паметен избор. Кучињата се учат на ред и без вакви тортури.
9. Не ги прочистувате доволно и правилно
По некое општо правило, кучињата би требало внатрешно да се прочистат трипати годишно. Сепак, редовните ветеринарни прегледи ќе ја следат индивидуалната состојба.
10. Го третирате како човек
Ако нежноста ја ставите пред дисциплината, големи се шансите дека кучето ќе биде несреќно.
М. Д. | Црнобело