9 важни работи што треба да ги земете предвид кога го шетате вашето куче
Не ги заборавајте наградите кога се однесува добро
Гледајте го шетањето на кучето како еден вид тренинг. Па, секојпат кога ќе се однесува добро и нема да прави проблеми, наградете го, со малку храна.
Овие награди ќе го мотивираат кучето да биде послушно.
Никако немојте да користите ремчиња со боцки
Иако постои верување дека овие ремчиња ќе го натераат кучето да не влече и да биде послушно, најчесто го постигнуваат спротивниот ефект.
Овие ремчиња се болни за кучињата, можат да им нанесат повреди, а можат да ги направат и агресивни.
Малите кучиња шетајте ги со градник
Малите кучиња, како чивава и пекинезер, не треба да носат класични ремчиња бидејќи областа околу вратот им е многу понежна.
Наместо тоа, купете градник – можете да се консултирате со ветеринар кој ќе ви помогне да го одберете најдобриот градник за вашето куче.
Не ги игнорирајте временските услови
Временските услови имаат влијание и врз кучињата, па мора да ги земете предвид.
Ако вам ви е многу топло или ладно, истото важи и за вашето куче. Па, во овие временски услови скратете ја прошетката, односно изнесете го кучето само колку да отиде во тоалет.
Исто така, имајте на ум дека во летните денови асфалтот може да биде многу жежок и може да му создаде изгореници на шепите на кучето.
Во зима, избегнувајте да го шетате кучето по мраз.
Не ги заборавајте кесите за измет
Секогаш мора да го собирате изметот на вашето куче, без разлика каде го шетате.
За оваа намена постојат специјални кеси кои можете да ги најдете во продавници за миленици, но и во повеќето супермаркети.
Спирова С. | Црнобело