Кула од кал висока неколку метри, кошници на пчели: Неверојатни живеалишта што птиците и инсектите си ги прават сами
Водни молци (Trichoptera)
Кај водните молци најинтересен е оклопот што го прават за нивните ларви.
Како повеќето молци и пеперутки, и тие се раѓаат како ларви, кои потоа прават кукла (заштитна обвивка) во која се претвораат во инсекти. Бидејќи куклите се наоѓаат под вода, овие инсекти мораат да ги направат поиздржливи.
Водните молци користат материјали од нивната околина за да си ги направат куклите, односно можете да видите кукли направени од камчиња, песок, па дури и парчиња искршени школки.
Птица од видот Furnarius rufus
Овие мали птици живеат во Јужна Америка, а најмногу во Аргентина и Уругвај.
Нивните гнезда се направени од кал и наликуваат на мали куќички. Некогаш тие ги градат гнездата и на неколку ката, односно редат по 2-3 едно врз друго.
Овие гнезда се доволно дебели за да ги заштитат од многу предатори и надворешни влијанија.
Птици од видот Philetarius scius
Овие птици се ендемичен вид во Јужна Африка и живеат во огромни гнезда кои се како станбен комплекс.
Нивните гнезда се всушност повеќе мали гнезда споени во едно и буквално висат од дрвја. Гнездата можат да бидат огромни и во нив да има место за скоро цело јато и обично во нив живеат по неколку генерации една по друга.
Гнездата најчесто се направени од сува трева.
Спирова С. | Црнобело