Позитива на денот: Телиња со плетени капчиња - им ги штитат ушите од студот (фото)
Знаевте ли дека на некои фарми, на телињата им ставаат плетени капчиња на нивните уши во зима за да ги заштитат од студот? Денес сигурно нема да видите ништо послатко од ова.
Твитерџијата познат како Rob N Roll сосем случајно налетал на фотки од телиња со плетени капчиња на нивните уши и веднаш ги споделил онлајн.
„Дознав дека фармерите често ги штитат телињата од студот со посебни капчиња и, мислам, само погледнете ги“, стои во описот.
За неполн месец, објавата е споделена над 45.000 пати и има повеќе од 344.000 лајкови, а од коментарите е јасно дека никој не останал рамнодушен на слатките фотографии.
Некои дури и прашуваат каде можат да купат вакви капчиња за нивните миленици.
„Ова е најслаткото нешто што сум го видела подолго време. Не само што е практично, туку и им ги истакнува убавите очи“.
„Може ли да најдам нешто слично за моето куче? Неговите мали уши постојано се ладни“.
„Ако некој може да ме научи како да плетам, ќе исплетам многу капчиња за крави!“
Според твитерџиите, низ САД постојат фирми кои вакви специјални капчиња за телиња.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





