„Моите кучиња имаат 400 парчиња облека од Dior, Chanel, Gucci и Burberry“
Девојка од Англија вели дека троши илјадници евра на облека на нејзините померанци и дека нивниот гардеробер е преполн со брендирани парчиња.
Лорен Најт е 20-годишна девојка од Англија, која работи како модел, а најголема љубов во животот ѝ се нејзините миленици померанци Мило (2) и Мими (5).
Постојано ги чешла, негува и дотерува и вели дека на тоа троши илјадници евра.
Таа има и бутик за облека за миленици и токму Мило и Мими ѝ се модели. Но, најмногу инвестира во брендирани парчиња за нив како Dior, Chanel, Gucci и Burberry.
Тие имаат свој гардеробер преполн со модни додатоци од врвни брендови.
„Мило и Мими се многу разгалени, ги носам секаде со мене и ако врне веднаш им ставам кабаница, а пак ако е студено им облекувам џемпер. Тие имаат околу 400 парчиња облека.“
Повеќе фотки од милениците на Лорен:
С. С. | Црнобело