Вирално видео: Слон влегол во кујна во Тајланд преку дупка на ѕидот барајќи храна

Изгледа жителите на Тајланд се навикнати на несекојдневни ситуации и средби со животни. По огромниот гуштер кој влегол во продавница пред некој месец, деновиве се појави ново вирално видео, овојпат со слон кој упаднал во дом во Тајланд бидејќи барал храна.

viralno-video-slon-vlegol-vo-kujna-vo-tajland-preku-dupka-na-dzidot-barajkji-hrana-01.jpg

Минатата недела семејство од Тајланд било во неверување кога во нивната кујна буквално упаднал див азиски слон среде ноќ.

„Спиевме и се разбудивме од гласна врева во кујната. Брзо се симнавме на долниот кат и видовме слон кој ја подава главата во кујната преку дупката во ѕидот“, вели Рачадаван која живее во куќата, за CNN.

viralno-video-slon-vlegol-vo-kujna-vo-tajland-preku-dupka-na-dzidot-barajkji-hrana-02.jpg

Жената открива дека огромната дупка од ѕидот е всушност од пред еден месец, кога повторно имале сличен инцидент. Односно, дупката била направена од друг слон. Бидејќи не стигнале да ја поправат, азискиот слон, барајќи храна, решил да ја искористи за да провери што имаат во кујната.

viralno-video-slon-vlegol-vo-kujna-vo-tajland-preku-dupka-na-dzidot-barajkji-hrana-04.jpg

На видеото кое веќе е вирално се гледа како слонот бара низ шкафчињата, а во еден миг и става нешто во устата.

„Имам видено многу слонови како лутаат низ градот барајќи храна. Но досега не ми ја уништиле куќата“.

viralno-video-slon-vlegol-vo-kujna-vo-tajland-preku-dupka-na-dzidot-barajkji-hrana-03.jpg

CNN пренесува дека според Фејсбук објава на Одделот за заштита на национални паркови и див свет од Тајланд, слонот влегол во кујната бидејќи намирисал храна.

Наводно, бидејќи слоновите се хербивори, на нивниот организам му требаат минерали од солта во храната, па овој слон можно е да го следел мирисот на сол од кујната.

На објавата стои и дека сите локални жители се предупредени за ова, за да бидат претпазливи.

Се претпоставува и дека слонот можеби влегол во оваа куќа бидејќи се наоѓа веднаш до национален парк во којшто живеат слонови. Имено, во оваа област често се случувале вакви работи токму од оваа причина.

Иако видеото на прв поглед е смешно, всушност ситуацијата е тажна, бидејќи експертите сметаат дека слонот почнал да бара храна на друго место бидејќи неговото природно живеалиште е загрозено.

Според истражување од 2018-та за слоновите од западниот дел на Тајланд, голем дел од нивното живеалиште е загрозено поради агрикултурата и индустрискиот развој.

Слична е ситуацијата и со слоновите во Кина, каде што повеќе од една година, стадо слонови лутаат низ државата, најверојатно во потрага по ново живеалиште.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...
Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветери... За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близ...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...
Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...
Слон – 22 месеци: Животни со најдолга бременост Камилите се бремени околу 13 до 15 месеци. Продолжената бременост гарантира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg