Вирално видео: Гуштер од речиси 2 метра влегол во продавница во Тајланд - луѓето се кријат под каса
- Детали
- четврток, 08 април 2021
Деновиве се појави видео направено во продавница во Тајланд на кое се гледа огромен гуштер кој се качува по рафтовите, додека преплашените купувачи и вработени се криеле под касата.
Купувачите и вработените во продавница во Тајланд биле преплашени кога внатре влегол гуштер со должина од околу 180 сантиметри.
Барајќи храна, гуштерот почнал да се качува по рафтовите во продавницата, а еден купувач успеал да го сними целиот настан. Тој вели дека овие гуштери можат да бидат опасни кога се гневни, па бил доста исплашен.
„Влегов во продавницата да купам храна и тогаш го здогледав огромниот гуштер. Сакав да земам и пијалак, но животното беше премногу блиску до фрижидерот. Ова се опасни животни, особено кога се гневни, па само стоев настрана и снимав со телефонот“.
Штом влегол гуштерот, вработените и купувачите кои биле во продавницата се скриле под касата, додека животното се качувало по рафтовите.
Потоа еден од вработените повикал полиција, која пристигнала со експерти кои успеале да го заловат животното и, најверојатно, го пуштиле на слобода.
Наводно, огромното животно најпрво се наоѓало во канал во близина на продавницата, а потоа влегло внатре. Бидејќи во таа област на Тајланд неколку месеци имало сушен период, веројатно животното не можело да најде храна надвор.
Овие гуштери неретко живеат во канали во големите градови во Тајланд, каде што се хранат со риби, змии, жаби и остатоци од храна од луѓе. Тие се агресивни кога чувствуваат закана, а нивното каснување може да предизвика сериозни инфекции поради бактериите што се пренесуваат.
Мажјаците можат да достигнат должина до 2 метри, а најголемиот ваков гуштер бил забележан во Шри Ланка и бил долг неверојатни 3,22 метри. Овие гуштери можат да тежат повеќе од 50 килограми, а најголемите што се забележани досега тежеле околу 90 килограми.
Спирова С. | Црнобело