Семејство од Флорида чува куче од 102 килограми - можеби е највисокото куче на светот
Сега, Атлас има 6 години и е на пат да стане највисокото живо куче на светот во Гинисовата книга на рекорди.
Семејство Сеј од Флорида има уникатен миленик, тежок неверојатни 102 килограми.
Станува збор за Атлас, куче од расата германска дога во кое велат дека се вљубиле од првиот миг.
Но, како што расте црно-белиот Атлас, така тој станува сѐ поголем. Веќе не ни можат да го носат во локали со себе затоа што е огромен.
„Леле, вашето куче е огромно. Вашето куче е најголемото куче кое сме го виделе во животот“, се само дел од коментарите кои ги добива ова семејство.
Сега, Атлас има 6 години и е на пат да стане највисокото живо куче на светот во Гинисовата книга на рекорди.
Кога стои тој има висина од 104 сантиметри, а мометалниот официјален рекорд е куче со висина од 101 сантиметар. Но, процесот на прогласување на Атлас не е финализиран затоа што да се добие оваа престижна титула е тежок и макотрпен пат. Семејството комуницира со одговорните на Гинисовата книга на рекорди веќе 3 години.
Тие имаат испратено низа видеа до нив, па мерења од страна на ветеринари итн.
Атлас е толку голем што ремените и сите додатоци за него мора да му се пресонализирано изработени. Исто така, семејството Сеј купило поголема куќа во која тој ќе може слободно да се движи.
С. С. | Црнобело