Жена од САД спасила и се грижи за над 200 животни (фото)

Адри Рачел од САД има 33 години и моментално се грижи за над 200 животни, како мачки, кучиња, крави, свињи, па дури и алпаки. Таа ги покрива трошоците од нејзиниот џеб, а добива помош и од донации, но не сака да го отвори засолништето за јавност бидејќи смета дека тоа е стресно за животните.

zhena-od-sad-spasila-i-se-grizhi-za-nad-200-zhivotni-na-nejzinata-farma-foto-01.jpg

Адри отсекогаш им помагала на животните што ги наоѓала на улица, а кога сфатила дека тоа веќе не е само хоби и дека има полни раце работа, решила да ја основа непрофитната организација Wild Things Sanctuary, а нејзиниот дом го претворила во засолниште.

zhena-od-sad-spasila-i-se-grizhi-za-nad-200-zhivotni-na-nejzinata-farma-foto-09.jpg

„Ми се чини дека патот секогаш ми се вкрстува со животно на коешто му треба помош. А, кога знам дека можам да му дадам безбедно место за живеење, сфаќам дека тоа е мојата животна цел“, вели Адри за нејзината пасија.

zhena-od-sad-spasila-i-se-grizhi-za-nad-200-zhivotni-na-nejzinata-farma-foto-07.jpg

Адри навистина има полни раце работа бидејќи таа е одговорна за околу 200 животни. Секој ден од неделата ѝ поминува во грижа за животините, речиси и да нема слободно време, но младата жени вели дека ужива во секоја секунда од тоа.

zhena-od-sad-spasila-i-se-grizhi-za-nad-200-zhivotni-na-nejzinata-farma-foto-12.jpg

Иако можеби изгледа необично да се чуваат многу разни животни на едно место, Адри вели дека тоа може да биде од голема помош.

„На пример, кога ќе донесам ново куче дома, тоа можеби ќе се плаши од мене. Но, кога ќе види дека кај мене има многу животни, вклучувајќи и кучиња, кои се среќни, полесно ќе се адаптира“.

zhena-od-sad-spasila-i-se-grizhi-za-nad-200-zhivotni-na-nejzinata-farma-foto-08.jpg

zhena-od-sad-spasila-i-se-grizhi-za-nad-200-zhivotni-na-nejzinata-farma-foto-04.jpg

Адри живее на фарма во Џорџија, САД, и овде се грижи за сите нејзини животни. Таа вели дека не сака да им ги задоволи само основните потреби, туку сака да ги „разгали“ и да им даде можност вистински да уживаат во животот, отколку само да преживуваат.

„Ова е мојот рај на Земјата, но факт е дека имам многу работа. Имам многу обврски бидејќи повеќето животни се обично постари, болни или биле запоставени од претходните сопственици“.

Истовремено, грижата за толку многу животни не е воопшто евтина и Адри најчесто ги покрива трошоците од нејзиниот џеб, а некогаш добива и донации. Таа вели дека само минатата година потрошила околу 50.000 долари за опрема за засолништето, месечно троши околу 1.000 долари за храна, а годишно дава и по 10.000 долари за ветеринар.

zhena-od-sad-spasila-i-se-grizhi-za-nad-200-zhivotni-na-nejzinata-farma-foto-03.jpg

zhena-od-sad-spasila-i-se-grizhi-za-nad-200-zhivotni-na-nejzinata-farma-foto-05.jpg

Адри може да го отвори засолништето за јавноста и така да заработува, но одбива да го прави ова бидејќи е стресно за животните.

„Губам голем извор на пари, но убедена сум дека секојдневните посети од странци можат да бидат многу стресни за животни кои закрепнуваат или кои се стари“.

zhena-od-sad-spasila-i-se-grizhi-za-nad-200-zhivotni-na-nejzinata-farma-foto-02.jpg

Наместо тоа, таа споделува фотки и видеа на социјалните мрежи од засолништето и животните, а оние кои сакаат можат да донираат пари за да ѝ помогнат. А, од овие објави, и самите ќе воочите дека оваа млада жена навистина го работи ова со многу љубов.

Адри толку многу сака да им помага на животните, што еднаш си го продала автомобилот за да може да откупи стадо крави кои инаку требало да завршат во кланица.

zhena-od-sad-spasila-i-se-grizhi-za-nad-200-zhivotni-na-nejzinata-farma-foto-10.jpg

zhena-od-sad-spasila-i-se-grizhi-za-nad-200-zhivotni-na-nejzinata-farma-foto-06.jpg

Повеќе фотки од Адри и нејзините животни на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...
Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg