Стоплете ги уличните мачки оваа зима - креветчиња од шишиња за вода

Една жена споделила одлично решение за уличните мачки кои треба да ја поминат зимата на отворено - креветчиња од големи пластични шишиња за вода што може да ги направи секој.

odlichno-reshenie-za-ulichni-machki-udobni-krevetchinja-napraveni-od-plastichni-shishinja-za-voda-01.jpg

За жал, уличните мачки се проблем во многу градови ширум светот. Самите животни не предизвикуваат штета, освен што некои од нив знаат да залутаат во нечиј дом и да украдат малку храна.

Поголем проблем е тоа што бездомните мачки во градовите немаат со што да се хранат, ниту пак имаат топло место за спиење во текот на студените месеци. Затоа, нам ни останува колку-толку да им помогнеме.

Неодамна, една жена на Facebook споделила генијално решение за уличните мачки кои ќе ја поминат зимата надвор – удобни и топли креветчиња направени од големи пластични шишиња за вода, што може да ги направи буквално секој.

odlichno-reshenie-za-ulichni-machki-udobni-krevetchinja-napraveni-od-plastichni-shishinja-za-voda-03.jpg

Големите пластични шишиња нудат одлична заштита од дожд, па дури и ветер, а за да ги направите поудобни треба само да ставите перниче или некоја мека ткаенина. Би било добро да се прицврстат со нешто потешко како не би летнале на првото посилно дување и да се направи непотребен отпад.

Бидејќи мачките сакаат да се засолнуваат во мали простори, ова импровизирано креветче е одлично нив. Истовремено, мачките се поиздржливи на ниски температури, па креветчето им е сосем доволно за да се стоплат, но и да се чувствуваат побезбедно.

odlichno-reshenie-za-ulichni-machki-udobni-krevetchinja-napraveni-od-plastichni-shishinja-za-voda-02.jpg

А, од фотографиите што ги споделила жената, очигледно е дека и на мачките им се допаднала оваа идеја.

odlichno-reshenie-za-ulichni-machki-udobni-krevetchinja-napraveni-od-plastichni-shishinja-za-voda-04.jpg

odlichno-reshenie-za-ulichni-machki-udobni-krevetchinja-napraveni-od-plastichni-shishinja-za-voda-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg