На Сардинија се роди кученце со зелено крзно (фото)
Уникатното кученце од Сардинија ќе ви го освои срцето за миг. Верувале или не, тоа има крзно со зеленкаста боја.
Во домот на италијанскиот фармер Кристијан Малоки на италијанскиот остров Сардинија се родило кученце со зелено крзно.
Неговите братчиња и сестрички се бели како мајката, но малиот Pistachio изгледа поинаку.
Кученцето е уникатно и се смета дека оваа ретка појава се случува кај кученца со светло крзно кога ќе дојдат во допир со зелен пигмент додека се во стомакот на мајка им.
Но, најверојатно зеленкастата нијанса на кутрето нема да трае вечно затоа што тоа веќе почнало да избледува во споредба со денот кога било родено.
С. С. | Црнобело