Кучето борец: Шарпланинец придружувал наши планинари цели 28 километри на Шар Планина (фото)
Среде Шар Планина наши планинари запознале верен и предан пријател. Младиот Шарпланинец дури и по нападот од други кучиња не се предал и одел со нив до целта. Ги чувал во текот на целиот пат...
Понекогаш животните може да покажат толку голема верност, преданост и борбеност што ни изгледа неверојатно.
За една таква ситуација раскажува Јорданчо Цветаноски на својот Фејсбук профил:
Кучето борец
Младо шарпланинче кое нѐ дружеше цели 28 километри низ Шар планина. Иако на почетокот го издавија 6-7 кучиња, а ние навреме реагиравме за да не го растргнат целосно, тоа не се откажа и го продолжи патот со нас.
Си доби и пастрмајлија, сендвич од нас и при секоја сенка, се пикаше под карпа, да се излади. Мислевме дека на Титов врв ќе се откаже, но по 10 минути продолжи со нас.
Што беше интересно. Во моментите кога кучето одеше помеѓу нас, секогаш застануваше, за да помине тој што оди последен и тоа да биде сигурно дека никој од нас не заостанува.
Верност неверојатна!
Кучето борец Младо шарпланинче кое не дружеше цели 28 километри низ Шар планина. Иако на почетокот го издавија 6-7...
Posted by Jordanco Cvetanoski on Sunday, September 20, 2020
С. С. | Црнобело