„Најгламурозното“ куче на светот: Кинез потрошил 32.000 евра за фризурата на својот миленик
Кевин Чен го обожава своето куче и вложува многу време и енергија во неговиот изглед.
Кинезот Кевин Чен (29) е горд сопственик на 3-годишниот AJ Nirvana Battle од расата авганистански пес. Чен работи како маркетинг директор во Пекинг и досега има потрошено речиси 32.000 евра за процедурата за убавина на својот миленик.
За неговото куче тој секој месец троши вртоглави суми за продукти за капење и специјални третмани за негување на неговата совршена фризура.
Чен минува 6 до 8 часа во текот на седмицата четкајќи го AJ Nirvana Battle и вели дека тоа е најубавото животно што го видел некогаш во животот. Го смета за член на семејството и не му пречи да троши пари на него.
Што мислите, дали ова е „најгламурозното“ куче на светот?
С. С. | Црнобело