Огромно, преслатко семејство: Ротвајлер роди дури 15 кученца (фото)
Двегодишен ротвајлер во Велика Британија ги воодушеви своите сопственици кога роди дури 15 кучиња, што е вистинска реткост.
Елеонор Ашер, 47, очекуваше дека нејзината миленичка Џеси, од расата ротвајлер, ќе и роди од пет до осум кученца, кога таа ја изненади со втора најголема бројка на кученца родени некогаш во Велика Британија.
Ова преслатко потомство е сместено во кревет направен специјално од нејзиниот сопруг столар Иан, 56. Сопствениците велат дека нивната миленичка Џеси станала огнено независна мајка и одбивала кој било друг, освен таа самата, да ѝ ги храни малечките.
Таа покрај за потомството се грижи и за 7-годишната мачка Мини, која живее во семејниот дом на Елеонор и Иан.
Сите 15 кучиња се стискаат едно со друго навечер, а со ротација речиси постојано цицаат од нивната мајка Џеси. Сопствениците велат дека кученцата излегувале сами, речиси без каква било асистенција од нивна страна.
Породувањето било лесно, а тие се чуделе кога ќе сопре. По 11-тото кученце сфатиле дека најверојатно ова ќе биде некаков рекорд.
Највисоката бројка на родени кученца во Велика Британија била 18, па тие сега се на второто место со 15, додека на третото место се наоѓа мајка со 13 кученца.
Најмалото куче се вика Дејзи, а најголемото Волтер. Еве како изгледа ова големо, преслатко семејство:
С. С. | Црнобело