Прегладнето улично кутре, сега јаде во најдобрите ресторани во Лос Анџелес
Ако живеете во Лос Анџелес тешко дека можете да направите резервација за во ресторан, но тоа не важи и за Инстаграм сензацијата Попај - мало неодоливо кутре кое руча во сите ресторани ширум Градот на ангелите.
„Го најдов како улично кутре кое беше преслабо, разбушавено, неисчешлано и валкано“ - вели Ајви, сопственичката на ова куче.
Таа не барала уште едно куче да внесе во својот дом, но откако не успеала да најде соодветен дом за Попај, решила самата да го посвои и да го чува.
„Една од моите пријателки ми рече да креирам Инстаграм профил за Попај, бидејќи е пресладок. Заедно одиме на состаноци и јадеме во сите ресторани во кои може да се внесе куче. Него не му е многу грижа за храната. Само сака слободно да шета покрај мене. А, ако нема што да јаде во одреден ресторан, секогаш носам награди во чантата“ - објаснува Ајви.
Попај има над 108.000 следбеници на Инстаграм:
Н. Г. | Црнобело