Кучешка верност: 8 месеци си го чека сопственикот пред болницата во која починал
Едно куче е доказ дека тие се навистина нашите најверни и најпосветени пријатели.
Откако неговиот сопственик починал пред 8 месеци во болницата „Ruth Cardoso“ во Санта Катарина, Бразил, Негао сè уште верно го чека пред зградата да се врати.
Сопственикот на Негао бил бездомник кој бил одведен во болницата откако добил инфекција, која за жал, подоцна се покажала како фатална.
Негао трчал покрај амбулантното возило до болницата каде бил одведен неговиот сопственик и таму останал.
Но, не постоел начин Негао да сфати дека неговиот сопственик повеќе не е на овој свет, па со месеци останал пред зградата да го чека својот оспственик.
Вработените на болницата велат дека две семејства се обиделе да го посвојат Негао, но тој бегал и повторно се враќал пред болницата.
Сега, тој продолжува да седи таму, а вработените од болницата да се грижат за него.
Н. Г. | Црнобело