Руска двојка пред 23 години посвоила мечка, денес сè уште живеат заедно

Запознајте го Степан, мечето кое веќе 23 години живее во домот на Светлана и Јуриј Пантеленко во Москва, Русија.

Ruska-dvojka-posvoila-napusteno-mece-pred-23-godini-denes-meceto-e-se-uste-del-od-semejstvoto-01

Семејството го посвоило Степан кога тој имал само 3 месеци. Малото мече било пронајдено од ловците оставено само на себе и во многу лоша состојба, па Светлана и Јуриј решиле да го згрижат во својот дом.

23 години подоцна, Степан веќе е огромно животно кое сака да помага во домашната работа како наводнување на растенијата, а исто така, обожава да гледа телевизија.

„Тој навистина сака луѓе и е многу дружељубива мечка, и спротивно на очекувањата, на најголемиот дел од луѓето воопшто не е агресивен“, објаснува Светлана, „Степан никогаш не гризнал никого“.

Секојдневната исхрана на Степан се состои од 25kg риба, зеленчук и јајца. Линијата ја одржува така што обожава да игра фудбал, а покрај другото глуми и во филмови и работи како фотомодел:

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најсмртоносните животни и инсекти за луѓето (дел има и во Македонија) Што мислите, кој убива повеќе луѓе годишно – отровните змии или комарците? Шт...
Елена од Гевгелија 1 година се грижи за штрк: „Не сака да си оди во дивината“ Свесна дека штрковите живеат во парови, хуманата гевгеличанка Елена е подготвена...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...
Шимпанзо, гавран – Кои се најинтелигентните животни на планетата? Шимпанзата можеби не го разбираат човечкиот говор, но во минатото неколку единки...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg