Гандалф - мачорот кој патува низ светот и има свој Инстаграм профил
2- годишна сибирска мачка, која моментално живее во Калифорнија со своите сопственици, ужива да патува многу повеќе отколку што би очекувале од мачка. Всушност, тој толку ужива, што само кога ќе го отворите неговиот Инстаграм профил веднаш ќе почнете да му љубоморите.
„Тој е домашна мачка, освен кога на себе носи ременче. Почнавме да го шетаме уште кога беше стар неколку недели и до ден денес обожава кога е надвор. Затоа решивме уживањето да му го овековечиме низ фотографии,“ велат неговите сопственици.
„Тој го обожува својот ремен! Само што ќе го земе во рака, трча до врата и чека да го ставиме. Премногу сака да патува. “
Досега има посетено 2 земји и 8 држави на САД. Сопствениците на Гандалф планираат да се преселат во Нов Зеланд во 2016-та, а авантурата само што не започнала.
Погледнете ги патешествијата на ова маче со авантуристички дух:
С. С. | Црнобело