Докажа дека пријателството со куче е далеку позабавно од другарувањето со луѓе (видео)
7-годишната Феникс и нејзиното куче Китсу очигледно имаат неверојатна поврзаност и заедно уживаат да се забавуваат на игралиште.
Таа има свој Youtube канал и постојано покажува како таа и нејзиното шиба ину се забавуваат заедно. Тие се лулаат заедно, се спуштаат по лизгалката заедно и што ли уште не.
„Китсу не сака да се врти, но затоа сака да се лула. И мене лулашките ми се омилени“ – вели малата Феникс.
А, еве како заедно изведуваат и трикови:
Овој неодолив пар покажува дека другарството со едно куче е далеку позабавно и поинтересно од забавувањето со луѓе, посебно во денешно време кога сите се опседнати со своите мобилни телефони и компјутери.