Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 необични работи кои кучињата може да ги насетат

Добро познато ни е дека кучињата имаат далеку подобро сетило за мирис и се користат за откривање на дрога, оружје и многу други работи.

8-neobicni-raboti-koi-kucinjata-moze-da-gi-nasetat-01.jpg

Но, дали знаете дека тие можат да намирисаат многу повеќе работи?

Ова се 8 необични работи кои кучињата можат да ги откријат по мирисот:


1. Бактерии

Како резултат на прекумерната употреба на пестициди, пчелите на американскиот континент во сè поголема опасност се од изумирање.

Но, уште во 1970-та година американските пчелари започнале да ги обучуваат кучињата да ги пронајдат заразените сандаци со пчели пред да успеат да ги заразат и останатите сандаци.


2. CD дискови

Кучињата може да го намирисаат материјалот поликарбонат кој е клучна компонента на сите CD-а. На тој начин кучињата допринеле при откривање на масивната трговија со фалсификувани DVD-а.

8-neobicni-raboti-koi-kucinjata-moze-da-gi-nasetat-1.jpg

3. Тела под вода

Полицијата во Америка ги употребува кучињата за откривање на удавените тела во вода. Мирисот на мртвото тело се ослободува во водата и достига до воздухот, а кучињата го чувствуваат токму тој мирис.


4. Дијабетес

Кучињата може да ги предупредат своите сопственици кога нивото на шеќер им е многу високо.


5. Измет на китови

Научниците често го анализираат изметот од овие животни за да го следат нивното здравје, но постои еден проблем – изметот многу бргу потонува.

Од таа причина една група на научници се одлучиле да ги употребат кучињата. Тие може да го намирисаат изметот и на оддалеченост од 1.5km.

8-neobicni-raboti-koi-kucinjata-moze-da-gi-nasetat-2.jpg

6. Стеница

Стеницата е вид на паразит кој се храни со човечка и животинска крв и во домовите најчесто може да се најде во мебелот, односно душеците.

Како одговор на овој проблем, западните земји ги употребуваат кучињата како дел од сервисот за дезинсекција . Нивната прецизност изнесува повеќе од 96%.


7. Минерали и руда

Владата во Финска финансирала програма за обучување на кучиња во детекција на сулфидите.

Кога овој минерал се распаѓа ослободува мирис кој наликува на расипани јајца, а кучињата можат од големи далечини да го насетат овој мирис.


8. Рак

Клетките на ракот имаат карактеристичен мирис на кој носот на кучињата е чувствителен. Докажано е дека пациентите кои боледуваат од рак на белите дробови или дојка со дишење ги ослободуваат тие мириси.

Кучињата денес се обучуваат да ги предупредат луѓето на опасноста од развивање на рак преку мирисање на нивниот здив.

8-neobicni-raboti-koi-kucinjata-moze-da-gi-nasetat-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Кучињата растат пребрзо: Забавни пред и потоа споредби од миленици Дали и вие некогаш сте имале искуство да земете мало слатко кученце, кое потоа з...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Ракун во тоалет, мечка во двор – Луѓе споделуваат фотки од диви животни кои им дошле „на посета“ „Ракун ни провали дома – ни направи хаос во тоалетот“. „Утрово се разбудив и ме ...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg