Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 Животни лекции кои ги научив од моето куче

Моето куче за мене е голема инспирација за сѐ што правам низ животот, а навистина низ годините од него научив многу повеќе отколку што си мислев...

5-zivotni-lekcii-koi-gi-nauciv-od-moeto-kuce-1

Кучето е вистински водич низ животот, а овие 5 лекции ги научив од мојот најдобар пријател:

1. Нежниот допир е добар за здравјето

Галејќи го моето куче, научив колку физичкиот допир за нас луѓето е природен и природно нè привлекува да ги галиме миленичињата. Допирот лекува многу болести, го намалува стресот, а и го подобрува расположението. Затоа галете се и прегрнувајте се што почесто.


2. „Сега” нема реприза

Знаете ли како кучињата мерат време? Не го мерат воопшто. Кучето верува, живее во мир и не се грижи за иднината, а не размислува ниту за минатото. Кучето се наоѓа во сегашноста и гледа сѐ што се случува во неа.


3. Во ред е да се живее едноставно

Доколку умееме да се радуваме на малите работи кои го прават комплетен животот, тогаш можеме да кажеме дека сме вистински среќни. Здрава храна, долги прошетки, со кучето или без него, со секој чекор сте поблиску до среќата.


4. Никој не е совршен

И моето куче има маани: вишок килограми, се лигави, не е пристојно и премногу лае, но сепак го обожавам, а и тоа ме сака мене со целото свое срце. Никој не е совршен, но тоа не значи дека не треба да ги прифаќаме или сакаме луѓето.


5. Играјте си!

Моето куче секогаш сака да си игра, без разлика колку часот е, а кога не си играме тогаш мавта со опашката и е среќно, без некоја посебна причина. Тогаш сфатив, дека кога имам некој проблем го сфаќам премногу сериозно. Ако започнеме проблемите да ги сфаќаме помалку сериозно, сигурно повеќе ќе се смееме. 

Би можело да ве интересира:

18 фото-докази дека животот без мачки би бил здодевен „Насадив цвеќе и намерно ја покрив саксијата за мачката да не го уништи, ама, из...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg