14 причини зошто папагалот е најубавото милениче
Некој сака кучиња, друг мачиња, но само луѓето кои чуваат папагал знаат што значи да го имаш ова милениче во домот.
Доколку не сте помислиле никогаш на опцијата да го имате или пак го имате веќе, овие 14 причини ќе ве натераат уште денес да го купите или само да се потсетите колку ви значи.
1. Секогаш ќе ви измами насмевка кога ќе погледнете во неговата мачо фризура.
2. Нема да одвоите многу од буџетот за да си го купите
3. Но, ќе биде потребно да купите храна за цел месец, кафез за цел живот, 3 садови за вода и 6 садови за храна доколку одберете поголем кафез.
4. Секогаш ќе се будите со песна, дури и кога не сакате да се разбудите
5. Колку и да сте лути, кога ќе го видите како скока низ кафезот и вади чудни звуци, срцето ќе ви заигра.
6. Секој пат кога ќе го видите како спие или се ниша, ќе ви дојде да го згмечите од љубов
7. Понекогаш навистина ќе ви дојде да го згмечите кога ќе направи беља надвор од кафезот...
8. Но, секогаш ќе се смешкате кога ќе го видите како тапка и се движи чудно
9. Понекогаш ќе ве дружи во јадењето...
10. Или ќе се обиде да ве одбрани од кучето
11. Секако ќе го обожавате тоа негово летање низ соба, додека го фатите
12. А, кога ќе го фатите, касањето на прстот од љубов кон вас ќе биде неизбежно
13. Потоа налутени ќе си бидете и двајцата
14. Но, наредното утро повторно истата песна - ќе ве разбуди со чудниот звук и ќе ве натера да се стопите од неговиот поглед