Напуштен питбул со солзи во очите моли за љубов
Џек е 2-годишен машки питбул кој бил напуштен од неговиот безмилосен сопственик пред новогодишните празници. Без грижа на совест тој го оставил во стационар, сам и со солзи во очите.
Од згрижувачкиот центар на стационарот го снимиле и го објавиле на нивната Фејсбук страница со порака дека не е кастриран сè уште и дека моли некој да сака да го вдоми и да му подари малку љубов, за да не биде оставен на милост и немилост.
За среќа неговата тага не траела долго и брзо си нашол сопственичка која е подготвена да му ја подари сета своја љубов.
По неговиот поглед, навистина се забележува разликата и радоста што има кој да го сака и на кого тој да му ја возврати љубовта.
Би можело да ве интересира:





