Дали знаевте? Кучињата ги бираме според личните карактеристики
Најновите научни истражувања покажаа еден интересен заклучок - секој сопственик на куче, расата ја одбира според своите физички и психички особини.
Друштвените и активни личности бираат булдози и ловечки кучиња, додека креативците одбираат мали кучиња како пудлици.
Луѓето најчесто ги одбираат кучињата кои физички се најслични до нив, па така голема е веројатноста девојките со долга коса да одберат куче со долги уши.
Оние кои ги бираат расите според хобито и стилот на живот може да се поделат на 2 групи.
Активните луѓе кои сакаат живот природа најдобро е да одберат доберман или австралиски овчар, а оние кои имаат проблем со лошо расположение или депресија одлично би било во близина да имаат мопс или шиба ину.
Во случај да имате проблем со спиењето, добро би било да чувате куче од расата на хртови или овчари.
Некои кучиња пак, се создадени за детско друштво. На пример, дечињата најсреќно ќе израснат ако имаат друштво на бигл или боксер.
Сепак, ако барате раса која бескрајно ќе ве сака - секое куче е за вас.
Каква раса одбравте вие?