Како да го разладите миленикот во жешките, летни денови?

Високите температури можеби и не ги чувствувате кога ќе легнете со студена вода до вас, покрај клима уредот, но оние кои чуваат миленици знаат дека летното секојдневие е малку поинакво.

10-nacini-kako-da-mu-go-olesnite-letoto-na-milenikot-01.jpg

Во текот на топлите месеци, за жал, посетите на ветеринар се почести заради тоа што кучињата и мачките се чувствителни на високите температури и сонцето.

Затоа, посветете им поголемо внимание посебно во овој период.

1. Осигурајте им доволно свежа вода

Вашиот миленик би требало во секој момент да има свежа и студена вода. Садовите за вода секогаш дополнувајте ги и чувајте ги полни, затоа што топлата и застоената вода може да го наруши варењето на храната кај миленикот.

2. Овозможете му доволно ладовина и свеж воздух

Дозволете му да се сокрие од сонцето така што куќичката ќе му ја преместите веднаш под дрвото. А aко престојува во затворен простор, задолжително оставете подотворен прозорец од каде ќе влегува чист воздух, но внимавајте да не создадете промаја.

3. Никогаш не го оставајте во автомобилот

Дури и ако прозорците се отворени, температурата во автомобилот може да порасне за цели 20 степени во само 7 минути. Во текот на жешките денови, тоа може да биде смртоносно.

4. Внимавајте на знаците од топлинска исцрпеност

Ако вашето кутре е изнемоштено, тешко диши, има сува уста, густа плунка или повраќа, никако не го бањајте во студена вода, затоа што тоа може да создаде шок состојба.

Наместо тоа, преместете го на постудено место во домот, покријте го со влажна крпа, а нозете намокрете му ги со млака вода.

Мачето пак, ќе го разладите со газа натопена во млака вода која ќе ја користите како прекривка.

5. Разладете ги затворените простори

Вклучете ја климата во вашиот дом неколку часа пред да го оставите миленикот сам. Не заборавајте дека ако вие не сте дома, не значи дека условите не треба да ги прилагодите за него. Идеална температура за животните е 22 степени.

6. Не претерувајте со кратењето на влакната

Иако можеби ви се чини логично да го ишишате миленикот, подобро е да се откажете од таа намера. Секогаш подобар избор е четкањето. Со редовното четкање се подобрува циркулацијата на крвта, која им помага во регулирањето на телесната температура.

7. Внимателно избирајте го времето за прошетка

Не шетајте го миленикот во најтоплиот период од денот, односно од 1 до 4 часот. Тоа е особено важно за кучињата со краток нос, како што е булдогот. Заради скратените ноздри, тие не можат доволно да се разладат при дишењето.

Исто така, важно е да не го терате миленикот на исцрпувачки активности, а доколку веќе се напрега, овозможете му свежа вода и ладовинка во секој момент кога ќе посака.

8. За кучињата е здраво да се избањаат во море, папагалите да се освежат во млака вода, а глодарите да се потпрат на студен предмет

Морето е посебно здраво за кучињата. Што се однесува до солта, таа не допира директно до нивната кожа, па можноста за инфекции, црвенила и иритации е сведена на минимум.

За папагалите е здраво да се избањаат сами, во една длабока чинија со млака вода, додека глодарите обожаваат да се разладат играјќи со некој студен, замрзнат предмет.

9. Ублажете ги изгорениците

Ако вашиот миленик добил изгореници по кожата, задолжително нанесете гел од чиста алое вера. Покрај тоа, распрашајте се кај вашиот ветеринар за некои нови производи кои помагаат.

10. Користете крема за сончање

Ракот на кожа е најчестиот облик на рак кој се јавува кај кучињата и мачките. Иако крзното им овозможува заштита, би требало барем 2 пати во денот да го премачкате миленикот со крема со заштитен фактор на местата каде што нема влакна.

Стомакот кај кучињата е посебно чувствителен, а кај мачките носот и ушите.

Користете производи специјално изработени за животни, затоа што некои состојки како цинк оксидот може да бидат отровни за нив.

Би можело да ве интересира:

Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветери... За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близ...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg