Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пет напуштени мачиња спасени со многу љубов

Топла приказна за 5 мали мачиња, напуштени и оставени во картонска кутија се претворила во пример за тоа дека единствено љубовта и грижата е она што може секого да залечи.

pet-napusteni-macinja-spaseni-so-mnogu-ljubov-01

Една фотографка при посета на нејзината мајка, во куќата на другата страна од градот каде што живеела, наслушнала мјакуање на мали мачиња. 

Барајќи наоколу кога ги здогледала толку мали и кревки оставени во кутија фрлена на патот ѝ се скршило срцето, штом ја погледнале со тажните очиња барајќи помош.

Зарем е можно некој да фрли нешто толку мало и беспомошно? Таа ги земала, се погрижила за нив да ги нахрани, да ги стопли и да им ја врати волјата за живот.

Наеднаш, од слаби тажни мачиња се претвориле во прекрасни среќни суштества кои се радуваат што има некој кој толку многу ги сака.

Тие, пак знаат да ѝ возвратат со сето внимание и послушност, го препознаваат нејзиниот глас, одлично се согласуваат со нејзиното куче и се супер модели за нејзините фотографии.

Би можело да ве интересира:

Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Најмалите животни во светот – некои се долги само 2 сантиметри Најмалиот водоземец е жаба долга само 1cm. Дознајте кои се најмалиот цицач, најм...
8 раси на кучиња погодни за повозрасни луѓе (повеќе сакаат да се релаксираат дома) Повеќето мали раси, како мопс и малтезер се идеални за повозрасни луѓе бидејќи н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg