Со напуштено кутре патувала низ светот, сега се неразделни
Али Ларенс обожава патувања. Неодамна поминала 5 месеци во Индија. Додека се одморала, запознала поинаква култура , многу добри луѓе но и едно посебно суштество кое за кратко време и станало најдобар пријател.
Ова е нејзината авантуристичка приказна:
- Во Индија бев 5 месеци. Еден ден додека се шетав по една патека околу која растеа печурки, слушнав некое цивкање. Тогаш го здогледав малото кутре кое сè уште не прогледало и на кое сè уште му висеше папочната врвца.
- Од една клиника ми дадоа шприц, а од тамошните луѓе добивав малку козјо млеко, па на неколку часа го хранев ова преслатко суштество.
- Верував дека ќе успеам да го нахранам и многу се трудев ништо да не му недостига. Изгледа дека добро ми одеше, бидејќи малечкото напредуваше.
- Во почетокот само јадеше, спиеше, јадеше...
- Го крстив Калан, што на индиски значи печурка.
- Во тој момент имаше само 200 грама. По 3 недели првпат ги отвори очињата.
- Го однесов на ветеринар кој знаеше да лечи само петли и кози, бидејќи луѓето таму ретко чуваат кучиња.
- Потоа започна забавата!
- Почнавме да патуваме заедно и да ги обиколуваме околните места. Во ниеден момент не се разделувавме.
- Понекогаш само спиеше, а понекогаш само гледаше наоколу и го запознаваше светот. Одевме на преубави места
- На планини
- На плантажи со чај
- На плажи
- Можам да ви кажам дека стана многу популарен. Сите сакаа да го допрат, да го погалат и тој уживаше во тоа.
Погледнете уште неколку нивни авантури на следната страница...