Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пријателство меѓу јарец и магаре вредно и за штрајк со глад (видео)

Приказната за пријателството меѓу еден јарец и магаре кои биле разделени e неверојатна. Биле неразделни другарчиња кои без оглед на разликите, одлично се сложувале и се дружеле. Заедно си играле, јаделе, спиеле, биле поблиски и од семејство.

prijatelstvo-megju-jarec-i-magare-vredno-i-za-strajk-so-glad-video-01

Но, еден ден биле разделени и пренесени од Јужна Калифорнија, каде биле сместени на различни места.

Никој не помислил на тоа како ќе се чувствуваат и како ќе влијае на нив. Од денот кога ги разделиле, јарецот престанал да јаде, не излегувал од шталата и одбивал да прави што било во текот на тие 6 дена.

Буквално штрајкувал со глад поради прекинатото пријателство. Тоа го забележале и волонтерите кои работеле во прифатилиштето за животни, па побарале да го вратат магарето за да си го продолжат нивното пријателство.

Штом го довеле, уште пред да го види, јарецот го насетил дека е во близина, па брзо излегол надвор.

На неговата радост и среќа им немало крај. Целосно се променило неговото однесување. Почнал да трча околу магарето , да потскокнува и едвај чекал да јадат заедно.

Изгледа неверојатно, но животните имаат силни чувства и знаат да го ценат вистинското пријателство, понекогаш и подобро од луѓето.

Ова пријателство навистина е вредно и за штрајк со глад:

Би можело да ве интересира:

15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...
Змија со две глави и уште 11 животни кои изгледаат нереално поради генетски мутации (фото) Сте виделе ли германски овчар со џуџест раст или маче со два носа? Сте виделе...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Вирално видео: Како алигаторите ја поминуваат зимата во замрзната вода? Кога ќе почувствуваат дека температурата е многу ниска и водата околу нив ќе зам...
Забавни илустрации што реалистично го прикажуваат животот со мачка Омилените места им се шкафот и вашиот ранец, а ако имате мачка, заборавете на ли...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg