Илустриран водич за галење миленичиња: Кучето сака на стомакот, зајчето на грбот
Допирот е најдобар начин за да остварите контакт со повеќето животни. Речиси и нема домашно милениче кое не сака да се гали. Не само животните туку и луѓето уживаат во тоа. Колку е убаво чувството кога ќе дојдете дома и ќе се изгушкате со кучето, мачето, зајчето...безусловна и обострана љубов од двете страни.
Блогерот Адам Елис бил инспириран од важноста на галењето на домашните миленичиња и животни кога решил да креира серија на дијаграми кои на интересен начин го илустрираат ставот на животните кон галењето на одредени делови од телото.
На дијаграмите се наведени зоните кои миленичињата ги сметаат за непожелни за чешкање. Така, мачката и ежето најчесто се лутат ако се обидете да ги галите по стомакот, а на коњите најмногу им се допаѓа кога ги галите на задните нозе.
Кучето, од друга страна, ужива кога го галите по стомакот, додека мачето најмногу ужива во галењето на делот над опашката.
Зајчето обожава галење на грбот и ушите, но не сака да го фаќате за опавчето.
Рипката воопшто не сака да ја допирате.
Малото и нежно глувче, ужива во галење и гушкање по целото тело.
Кон ежето треба да бидете нежни, не само поради него, туку и поради себе. Да се заштитите од боцкање.
На прасето речиси му е сеедно како и каде ќе го галите, исто реагира.
Каде сака да го галите вашето милениче?