Ова врапче немало шанси да преживее, но случајноста му го променила животот

Еден корисник на Imgur пред само неколку часа објави фотографии од малечко врапче кое случајно го пронашол во дворот и успеал да го спаси од сигурна смрт.

ova-vrapce-nemalo-sansi-da-prezivee-no-slucajnosta-mu-go-promenila-zivotot-01

Кога го пронашол заедно со неговиот брат, бил штотуку излезен од јајцето. Деловите од мембраната и лушпите од јајцето сè уште биле залепени за него.

Затоа што не успеале да го најдат гнездото од кое паднало, одлучиле тие да му помогнат.

ova-vrapce-nemalo-sansi-da-prezivee-no-slucajnosta-mu-go-promenila-zivotot-02

Првите неколку дена не ни знаеле каков вид на птица чуваат, затоа што до тогаш не виделе толку мало новороденче.

Сепак, со голема желба направиле инкубатор во домашни услови каде можеле да ја контролираат топлината и влажноста.

ova-vrapce-nemalo-sansi-da-prezivee-no-slucajnosta-mu-go-promenila-zivotot-03

Одлучиле дека се работи за девојче, иако не го знаеле тоа со сигурност. Ја нарекле Кнедлица.

ova-vrapce-nemalo-sansi-da-prezivee-no-slucajnosta-mu-go-promenila-zivotot-04

Бебињата птици јадат многу! Затоа, двајцата браќа на смени ја ранеле со инсекти, на секои 30 минути. И така по 12 часа дневно.

ova-vrapce-nemalo-sansi-da-prezivee-no-slucajnosta-mu-go-promenila-zivotot-05

За неколку дена на Кнедлица почнале да и растат пердуви. А, веќе петтиот ден можела и самата да седи.

ova-vrapce-nemalo-sansi-da-prezivee-no-slucajnosta-mu-go-promenila-zivotot-06

По само 7 дена прераснала во врапче со здрави перја. Тогаш конечно го напуштила инкубаторот.

ova-vrapce-nemalo-sansi-da-prezivee-no-slucajnosta-mu-go-promenila-zivotot-07

Кафезот во кој малку подоцна ја сместиле бил преполн со свежи гранчиња, за полесно доближување до природата.

ova-vrapce-nemalo-sansi-da-prezivee-no-slucajnosta-mu-go-promenila-zivotot-08

Започнале да ја оставаат надвор, во уште поголем кафез каде секојдневно го усовршувала своето летање и се привикнувала на ветерот, сонцето и другите животинчиња.

ova-vrapce-nemalo-sansi-da-prezivee-no-slucajnosta-mu-go-promenila-zivotot-09

По 36 дена двете хумани срца одлучиле да ја пуштат Кнедлица.

ova-vrapce-nemalo-sansi-da-prezivee-no-slucajnosta-mu-go-promenila-zivotot-10

Би можело да ве интересира:

Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот? Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшт...
Елена од Гевгелија 1 година се грижи за штрк: „Го пуштив да си оди, но не сака“ „Беше гладен, дехидриран и целиот беше со рани затоа што родителите го клукале. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg