Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Јоркширски териер - кутре кое ќе ви даде искрена љубов, радост и лојалност

Јоркширскиот териер е куче кое ќе го обожавате и многу лесно ќе ви прирасне за срцето и семејството, засекогаш.

jorksirski-terier-iskrena-ljubov-radost-i-lojalnost-01

Ако барате интелигентно, независно и храбро кутре кое ќе ви влезе под кожа со неверојатна брзина, ви предлагаме да и кажете добредојде на оваа раса.

Јоркширскиот териер има потекло од Англија, а како раса е познат од средината на 10 век, кога луѓето ги тренирале да бидат мали ловци.

Со текот на времето нивната првична намена се изгубила, но гените останале непроменети. Јоркот е енергично кутре, жедно за авантура, но неретко непријателски настроен кон странци кои се доближуваат на неговиот сопственик.

Овие лојални и малечки кутриња не се свесни за својата големина, па немаат проблем да се пуштат во борба со значително поголеми раси, а притоа се и доста гласни кога се борат за нешто.

Поседуваат огромен дијапазон на различни звуци кои може да ги препознаат дури од неколку километри.

Јоркширскиот териер е идеално домашно милениче, посебно за мали простории, затоа што не бараа многу труд и време за негово одржување.

Речиси и да не испушта влакна, релативно малку јаде, лесно и брзо се воспитува и не бара преголем простор. Нивната прошетка трае 20тина минути дневно, што е одлично за оние кои сакаат кратки и ефективни прошетки.

Неговиот животен век трае околу 15 година.

jorksirski-terier-iskrena-ljubov-radost-i-lojalnost-02

Важно е да знаете дека колку што Јоркот е поголем, толку е пофлегматичен и има подобар карактер. Тој е разигран и нежен, добар чувар кој ужива со семејството.

Јоркширскиот териер секогаш е во потрага по внимание и љубов, па затоа важи за одлично семејно милениче, неверојатно приврзано за сопствениците и дечињата.

Едно е сигурно: ќе уживате во животот со овие бескрајно искрени и забавни кутриња!

Би можело да ве интересира:

Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Бенгалски тигар, нилски коњ - Кои се најсмртоносните цицачи на Земјата? Некои цицачи имаат неверојатна сила и моќ, а човечката средба со нив може да бид...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Најмалите животни во светот – некои се долги само 2 сантиметри Најмалиот водоземец е жаба долга само 1cm. Дознајте кои се најмалиот цицач, најм...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg