Како да ги заштитите милениците од новогодишните огномети и петарди?

Додека за вас новогодишните огномети се празнична среќа, за вашиот миленик тоа е најголемиот страв. Прославата на Новата година со себе носи гужва и страшни звуци, кои за кучињата знаат да бидат трауматични.

kako-da-gi-zastitite-milenicite-od-novogodisnite-ognometi-i-petardi-01

За да му ја олесните оваа Нова Година на вашиот миленик, следете ги овие 4 совети:

1. Обезбедете му сигурно преноќевалиште

Веруваме дека е непотребно да ви објаснуваме колку е бучно надвор, па доколку планирате да го поминете дочекот надвор од куќата или станот, обезбедете му на вашето куче место каде безбедно може да преноќи.

Ако живеете во куќа, дозволете му да преноќи барем во ходникот. Во случај да немате можност за тоа, погрижете се неговата куќичка да е добро осигурана за да не може да залута некој пиротехнички материјал.

Ако живеете во стан, добро би било да му набавите куќичка во која ќе може безбедно да одмори, а воедно и да се скрие од страшните звуци.


2. Прошетајте го во текот на денот

Кучињата се најспокојни по активно минат ден. Затоа, потрудете се да го изморите преку ден за вечерта да може мирно да отспие.


3. Обезбедете му вкусна вечера

На кучињата природно им е спиењето по добриот оброк. За полесно да се вовлече во неговото катче, искористете ја обилната и вкусна вечера.


4. Проверувајте го во текот на ноќта

Кучињата се друштвени по природа и за нив самотијата е најлошата казна, посебно ако од надвор се слушаат огномети и петарди на секоја минута.

Ако планирате дочекот да го поминете дома, не заборавајте да му посветите барем 10 минути во текот на ноќта, да поиграте со омилената играчка или да му дадете мала коска.

Доколку сте излезени, замолете некој близок кој знаете дека е дома да го провери и погали на неколку минути, барем еднаш во вечерта.

Би можело да ве интересира:

18 фото-докази дека животот без мачки би бил здодевен „Насадив цвеќе и намерно ја покрив саксијата за мачката да не го уништи, ама, из...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...
Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот? Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшт...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg