Најмалите животни во светот – некои се долги само 2 сантиметри
Најмалата змија: Tetracheilostoma carlae
Иако спаѓа во влекачи кои веќе ги спомнавме, вреди да се спомене и најмалата змија.
Оваа змија од Барбадос е најмалата во светот.
Има должина од само околу 10cm, а се смета за загрозен вид.
Најмалата желка: Chersobius signatus
Женките, кои се малку поголеми од мажјаците, се со максимална големина од околу 11cm.
Овие желки живеат во Јужна Африка, а спаѓаат во ранлива категорија, бидејќи и нивниот вид полека исчезнува.
Најмалата птица: Mellisuga Helenae
Овие мали чуда на природата тежат помалку од 2g, а може да се најдат во Куба.
Тие се сметаат за речиси загрозен вид, а нивната судбина денес е неизвесна.
Најмалиот був: Micrathene whitneyi
Овие птици грабливки достигнуваат висина од 12 до 15cm, а тежат само 40g.
Ги има во југозападниот дел на САД и Мексико, но нивната популација се намалува поради губење на живеалиштата.
Најмалата риба: Photocorynus spiniceps
Кај овие риби, постои огромна разлика во големината помеѓу мажјаците и женките.
Возрасните мажјаци се долги нешто помалку од 1cm во должина, додека возрасните женки може да пораснат и до осумпати повеќе.
М. Ѓ. | Црнобело