7 забавни факти за слоновите - Ги „погребуваат“ нивните мртви, може да изодат 120 километри дневно
Слоновите покажуваат огромна емоционална интелигенција. Тие се едни од ретките животни кои тагуваат за нивните мртви и некогаш го посетуваат местото каде што го „погребале“ телото.
Слоновите се најголемите копнени цицачи и несомнено едни од најфасцинантните животни.
Во минатото ги имало во огромен број низ Африка и Азија, но денес нивната популација значително е намалена.
За африканските слонови најголема закана се убијците кои ги ловат за нивните заби. Од друга страна, слоновите во Азија се изложени на ризик бидејќи им се уништуваат живеалиштата за урбанизација.
Слоновите се загрозени животни и во Африка има едвај половина милион, додека во Азија – само околу 50.000.
Неколку факти поради кои ќе ги засакате слоновите:
Речиси се имуни на рак
Ракот може да се појави и кај слоновите, но ова се многу, многу ретки случаи.
Се претпоставува дека околу 5% од слоновите умираат од рак. Кај луѓето овој број е многу поголем – 25% од населението умира од рак.
Клетките во нашето тело постојано се размножуваат. Новите клетки што се создаваат се идентични копии едни на други, но некогаш настануваат мали отстапувања, односно мутации.
Самите клетки ги поправаат повеќето мутации, но не секогаш. Па, ако се насоберат многу вакви мутирани клетки со погрешни копии, може да настане тумор, односно рак.
Но, слоновите имаат ген кој, едноставно кажано, ги штити oд ова.
Научниците уште истражуваат дали овој ген може да се искористи за спречување рак кај луѓето.
Ако видат тело на мртовец, го закопуваат
Навистина необичен феномен кој е забележан кај многу слонови во Африка.
Имено, многупати се случило слон да закопа мртов човек, доколку налета на тело.
Имало и ситуации каде што слоновите фрлале земја врз заспани луѓе, мислејќи дека се мртви.
Истовремено, честопати се случувало слонот да проба да помогне ако забележи повреден човек.
Можат да пливаат со часови
И покрај тоа што тежат неколку тони, слоновите се одлични пливачи.
Тие можат да пливаат и до шест часа без престан, а притоа да поминат растојание до 48 километри.
Кога трагаат по храна и вода, слоновите без проблем можат да изодат и до 120 километри дневно.