Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Project Manager 05-02-2025
Project Manager 05-02-2025
Project Manager 05-02-2025
QA Engineer 05-02-2025


Марко и Мартина се брат и сестра мечки кои се преселија од Скопје во Швајцарија - сега уживаат на Алпите

Мечињата се брат и сестра и со години живееја одделено во две различни живеалишта, каде само се мирисаа, но не се гледаа, а сега се заедно и среќни на Алпите.

marko-i-martina-se-brat-i-sestra-mechki-koi-se-preselija-od-skopje-vo-shvajcarija-sega-uzhivaat-na-alpite-01.jpg

Пред скоро точно една година, на 21-ви мај 2022, мечките Мартина и Марко од скопската зоолошка заминаа во преубавиот Ароса парк во Швајцарија.

Мечињата се брат и сестра и со години живееја одделено во две различни живеалишта, каде само се мирисаа, но не се гледаа.

ЗОО Скопје и здружението Four Paws заеднички одлучија дека најдобро решение за благосостојба на мечките ќе биде да заминат во еден од резерватите на Four Paws.

Тина Мицковска, активист за правата на животните беше главен иницијатор за соработката и патувањето на мечките.

По краток период на адаптација, во Ароса се случи и првата средба на Марко и Мартина, која беше многу емотивна. Оттогаш, оттаму постојано објавуваат видеа и фотографии од двете мечки, кои живеат заеднички со уште две мечки, спасени од Албанија.

Но, сега со новиот живот тие имаат и нови имиња и се викаат Сем и Џамила.

На последните фотографии се гледа дека уживаат во живописната природа на Алпите:

marko-i-martina-se-brat-i-sestra-mechki-koi-se-preselija-od-skopje-vo-shvajcarija-sega-uzhivaat-na-alpite-03.jpg

marko-i-martina-se-brat-i-sestra-mechki-koi-se-preselija-od-skopje-vo-shvajcarija-sega-uzhivaat-na-alpite-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот? Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшт...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Елена од Гевгелија 1 година се грижи за штрк: „Не сака да си оди во дивината“ Свесна дека штрковите живеат во парови, хуманата гевгеличанка Елена е подготвена...
Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg