Секунда со вистинските луѓе е повредна отколку години со лажните

За некого не значи ништо ден полн со дожд и силен ветар кој корне сѐ што ќе стигне само за да опстане. Но за некој значи. За некои луѓе не е убав ни летен ден со сино небо и сонце кое пекнало па засјајува сè, дури и душите на нечесните.

sekunda-so-vistinskite-lugje-e-povredna-otkolku-godini-so-lazhnite-01.jpg

И за мене ќе беше само еден од многуте, но не. Тоа есенско утро се разбудив во истото опкружување - куп книги на едната страна од собата, куп полуиспиени чаши на масата, кои кога би можеле, би молеле да одат на миење.

Но кој толку рано, во 9 часот, станува и веднаш почнува со расчистување на собата, освен мене која знам да изигрувам заинтересирана баш за тоа.

Гo средив сопствениот хаос од кој на почетокот кренав раце и за кој не верував дека може да заличи на добро средена соба. Брзо се облеков и излегов надвор. Сакам да гледам во небото, па погледнав и тогаш.

Магливо сивило беше надвиснало над белите облаци. Делуваше дека ќе го снема, дека ќе го нема ако сонцето блесне уште посилно.

Го спуштив погледот надолу, кога паралелно протече капка дожд по мојата рака. Беше врела како капка крв. Како да се оддели од мене, а не од небото, или можеби беше наша, заедничка. Но не обрнав внимание.

Конечно ми текна зошто сум излегла. Да, како што имав безброј мисли во глава, можеби и ќе заборавев на тоа, на целта на моето излегување - да купам чадор. Одамна сакав да купам некој нов чадор, не дека немав, имав.

Ако се бројат двата кои не се отвораат, третиот кој јас не сакав да го отворам и четвртиот кој знам дека го имам ама не знам каде е. Сето тоа и уште плус некоја мисла се вртеа, а јас тргната по еден обичен чадор.

И еве ја, продавницата во која имав видено најразлични чадори. На момент помислив: „Зар морав да доаѓам до овде за да купам чадор? Како да не можам да најдам во која било продавница, каде било, било кога?“. Бев решена, ќе влезам, ќе купам.

Да не биде залудно потрошено време, да не биде двоумење, кога со денови сакав да дојдам баш таму.

Ја пуштив раката, нормално, за да ја отворам вратата. Почна да врне, одеднаш, а силно. Наеднаш, познато, а чудно. Не се отвораше. Ја пуштив кваката, а вратата се отвори. Изгледаше како да од моето силно тегнење сама се отворила, но не.

Се покажа сенка на момче. Истото тоа момче за секунда се најде пред мене. Брзаше некаде, но очите, не успеа да ги скрие очите. Поубаво нешто немам видено.

Како две ѕвезди, кои несекојдневно, но запаметено навлегоа и останаа на моето небо. Знаев дека нема да застане, дека нема да ме почека, ниту ќе му значи мојот поглед, но мене ми значеше.

За кратко јас се најдов внатре зад вратата, каде што беше тој, а тој подалеку од местото на кое стоев пред да влезам.

Носеше чадор кој го отвори пред да замине и замина. Но, нешто остана. Дали моето сеќавање или таа љубов на прв поглед, или чадорот кој го купив од таму...

Едно е сигурно - по нешто ќе се памти момчето со чадорот. Колку и да се премислував сега сум горда на својата одлука.

Можеби ако не отидев, немаше да знам дека секунда со вистинските луѓе е повредна отколку години со лажните.

Автор: Сузана Николова

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg