Зошто за мене Америка е „проклета“, а Македонија незаменлива?

zoshto-i-povtorno-da-bi-se-rodil-bi-ziveel-vo-makedonija-01.jpg

Пред да дојдам во Америка, мислев дека имало можности кои растат на дрвјата и дека ме чекаат да се појавам и да ги зграбам.

Мојата наивност многу брзо се соочи со реалноста кога сфатив дека има голем број не само имигранти, туку и Американци, кои се повеќе квалификувани и поподготвени да се жртвуваат за мојот сон, отколку самиот јас.

Сфатив дека тука во таканаречената „земја од соништата“ и не е се така розово. Пријателството, релаксираниот живот, мирот, а воедно и спокојството се сведени на минимално ниво, поточно се во исчезнување.

Трагајќи по парите се изгубија во реалноста, се заборави што значи да се биде морален човек и да се ужива во животот. Сите се стремат кон обогатување, работа и само работа. Буквално тука живеат за да работат.

За разлика од тука кај нас луѓето работат за да живеат, односно уживаат, и на толку минимални плати, на толку лични и општествени проблеми, секој еден човек се труди да се забавува, дружи на максимално ниво и пред сè се држи до своето семејство.

Што за „земјата од соништата“ е нелогично и незамисливо.

Америка на светот му ја наметнува така наречената „убава страна“ преку генијалните холивудски макетиншки реклами и филмови, што за сите оние што не се соочиле со реалноста тоа изгледа толку совршено и беспрекорно.

Затоа и кога повторно би се родил и кога повторно „штркот“ би минувал над МАКЕДОНИЈА би побарал таму да ме спушти!

Автор: Д. П.

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg