Во оваа наша мала земја, во оваа библиска Македонија има многу места кои се лековити. Многу места кои Бог ги благословил да ни помагаат на нас смртниците, и да бидат дел од нашите животи. За ние да се предадеме на волјата Божја, за да можеме да живееме подобро. Еден од неколкуте случки од мојот живот кои сакам да ги раскажам, се однесуваат на Свети Георги, и како тој светец му помогна на моето семејство, преку неговиот лековит манастир.