На 11 години била киднапирана, 2 години ја силувал возрасен маж - Трагичната приказна на девојчето кое е инспирација за романот „Лолита“

Речиси 2 години била киднапирана и силувана, а откако собрала храброст да го пријави силувачот и да се врати дома, била злоупотребувана и понижувана од средината во која сите ја нарекувале к**ва и не ѝ верувале дека била жртва – Која била Сали Хорнер, девојчето што ја инспирирало приказната за „Лолита“?

ja-kidnapiral-i-ja-siluval-rechisi-2-godini-nikoj-ne-veruval-deka-e-zhrtva-tragichnata-prikazna-na-devojcheto-koe-e-inspiracija-za-romanot-lolita-01.jpg

Речиси сите слушнале за филмот или за книгата „Лолита“, а малкумина знаат дека безвременската приказна на Владимир Набоков, филмувана од страна на Стенли Кјубрик, е инспирирана од вистински настани што се случиле во првата половина на 20-тиот век.

Иако, Набоков своевремено тврдел дека неговиот роман не е поврзан со вистинските настани, сличностите се многу големи, па така ова девојче во светот е познато како „Вистинската Лолита“.

Проследете ја приказната за Сали Хорнер и самите проценете колкави се сличностите меѓу неа и Лолита:

Сали Хорнер имала само 11 години во 1948-мата година кога била фатена како краде тетратка од продавница во градот Камден, Њу Џерси.

Човекот што ја фатил како краде бил Френк Ла Сал, кој имал полициско досие и бил осудуван за силување, а нејзе ѝ се претставил како Френк Ворен.

Тој на Сали ѝ се претставил како ФБИ агент и ѝ рекол дека за да не биде испратена во поправен дом или во затвор треба да го слуша и да прави сѐ што ќе ѝ каже тој.

Откако Сали почнала да плаче, тој ѝ рекол дека нема да каже никому за настанот и се разделиле.

ja-kidnapiral-i-ja-siluval-rechisi-2-godini-nikoj-ne-veruval-deka-e-zhrtva-tragichnata-prikazna-na-devojcheto-koe-e-inspiracija-za-romanot-lolita-03.jpg

Но, по еден месец, Френк повторно ја сретнал Сали и ѝ рекол дека по наредба на неговите претпоставени мора да ја однесе на испрашување во Атлантик Сити, само за да расчистат некои работи.

Тој дури и ѝ предложил на Сали да се јави кај мајка ѝ и да се претстави како татко на една од нејзините другарки и да каже дека ќе ја однесе на семејно патување.

Мајката на Сали не се спротивставила. Напротив, како сиромашна вдовица, која работела како шивачка, била пресреќна што на ќерка ѝ ќе ѝ се исполни сонот да замине на летување, па така ја испратила на патувањето без да знае дека ова ќе биде последен пат да ја види својата ќерка во следните 2 години.

ja-kidnapiral-i-ja-siluval-rechisi-2-godini-nikoj-ne-veruval-deka-e-zhrtva-tragichnata-prikazna-na-devojcheto-koe-e-inspiracija-za-romanot-lolita-05.jpg

На почетокот Сали постојано била во контакт со мајка ѝ, но по неколку недели Сали се јавила и ѝ рекла дека тие двајца заминуваат во Балтимор и дека веќе нема да бидат во контакт.

По ова мајката веднаш заминала во полиција, но на адресата во Атлантик Сити, немало никого.

Френк, слично како Хумберт Хумберт во романот „Лолита“, каде и да одел се претставувал како татко на девојчето.

Во јавност сѐ изгледало во ред: ја запишал во католичко училиште, изнајмувал станови, одел на работа, а никој не знаел дека во периодот од следните 21 месец, тој зад затворени врати постојано ја силувал Сали.

ja-kidnapiral-i-ja-siluval-rechisi-2-godini-nikoj-ne-veruval-deka-e-zhrtva-tragichnata-prikazna-na-devojcheto-koe-e-inspiracija-za-romanot-lolita-10.jpg

Се смета дека Сали се срамела да се јави и да пријави дека е жртва на киднапирање и силување и дека од тие причини не сакала да побара помош.

Дури откако пристигнале во Мариленд, една сосетка забележала дека нешто не е во ред со таткото и ќерката и еден ден додека Френк не бил со неа, таа ја поканила Сали и почнала да ја распрашува што се случува.

Тогаш Сали собрала храброст да признае дека е жртва и да ѝ се јави на мајка ѝ во Камден, а Френк бил уапсен од полицијата, по што добил доживотна затворска казна.

ja-kidnapiral-i-ja-siluval-rechisi-2-godini-nikoj-ne-veruval-deka-e-zhrtva-tragichnata-prikazna-na-devojcheto-koe-e-inspiracija-za-romanot-lolita-07.jpg

Но, откако се вратила дома, Сали била оцрнета и постојано била мета на непристојни предлози од момчињата кои ја нарекувале к**ва и речиси никој не верувал дека била жртва.

Откако завршила осмо одделение, една вечер била на забава и запознала едно момче што ѝ се допаѓа.

На возраст од само 15 години Сали починала во сообраќајна несреќа.

ja-kidnapiral-i-ja-siluval-rechisi-2-godini-nikoj-ne-veruval-deka-e-zhrtva-tragichnata-prikazna-na-devojcheto-koe-e-inspiracija-za-romanot-lolita-08.jpg

Приказната за Сали Хорнер е разработена во книгата The Real Lolita: The Kidnapping of Sally Horner and the Novel That Scandalized the World на Сара Вајнман.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg