„Не ми се допаѓа мојата лигава ќерка тинејџерка – дали сум ужасна мајка?“

„Таа е разгалена, некултурна и непријатна кон мене. Со своето однесување успева да ја уништи секоја пригода и изгледа како да не ѝ е грижа ниту за мене, ниту за остатокот од семејството...“

ne-mi-se-dopagja-mojata-ligava-kjerka-tinejdjerka-me-navreduva-i-kritikuva-01.jpg

Мајка од Велика Британија на британскиот форум за мајки „Mumsnet“ се пожали за непријатното однесување на нејзината 17-годишна ќерка.

Во нејзината исповед може ќе се пронајдат и други родители на тинејџери:

„Таа е разгалена, некултурна и непријатна кон мене. Со своето однесување успева да ја уништи секоја пригода и изгледа како да не ѝ е грижа ниту за мене, ниту за остатокот од семејството.
Јас, нејзиниот татко и нејзината 10-годишна сестра страдаме поради нејзиното однесување секој ден и дојдени сме до степен да броиме денови кога ќе си замине од дома. Има 17 години, па наредната година ќе оди да студира во друг град.

Знам како звучи ова и знам дека е ужасно еден родител да го напише ова.
Но, реалноста е дека таа е толку многу сакано дете и јас и татко ѝ ѝ обезбедивме безбеден дом полн љубов. Секогаш внимававме со работните часови и гледавме барем еден родител да има дома. Не сме богати, но и обезбедивме да има сè.

Не очекувам некаква награда за добар родител, но и не очекувам да ме третира на начинот на кој ме третира (ужасно).

Постојано се жали, приговара, ме навредува на сметка на изгледот, ме прашува зошто не ја фарбам косата, зошто не носам шминка, ми го критикува изборот на облека, а нејзиниот татко го нарекува „низок човек“.
Мисли дека е во ред да ги каже сите тие работи и покрај тоа што ние сме ѝ родители кои ја сакаат и се трудат да го направат тоа што е најдобро за неа.

Навистина не ми се допаѓа таа и загрижена сум дека таа е таква личност и никогаш нема да се промени.
Нејзиниот карактер е ужасен. Пријателите ме тешат дека е тинејџерка, но дали тоа значи дека сите тинејџери се така сурови?

Што мислите?“

ne-mi-se-dopagja-mojata-ligava-kjerka-tinejdjerka-me-navreduva-i-kritikuva-02.jpg

Дел од коментарите од корисниците на форумот:

„Па, зошто вашата ќерка да се промени кога е свесна дека нема буквално никакви последици за неа?“

„Кој ѝ го плаќа телефонот и ѝ дава пари? Престанете веднаш, казнете ја!“

„Ми личи дека е навистина разгалена.“

„Не велам дека сте лоши родители, но сте израснале навистина разгалено дете, кон кое треба да се пристапи поцврсто.“

„Јас никогаш не би ѝ кажала такво нешто на мајка ми на 17 години.“

„Најверојатно минува низ тинејџерска фаза, која ќе ѝ помине до 22 години, пред да почне самата да биде одговорна за својот живот.“

„Тинејџерите знаат да бидат сурови сè додека можат да се извлечат со тоа.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg