Зошто со годините значително се намалува бројот на вистински пријатели (и зошто тоа е во ред)?

Колку сте постари, толку помалку трпите одредени работи, а и помалку им верувате на луѓето - кои се другите причини зошто во староста луѓето имаат помалку пријатели, но и зошто тоа е сосема во ред?

zoshto-so-godinite-znachitelno-se-namaluva-brojot-na-vistinski-prijateli-i-zoshto-toa-e-vo-red-01.jpg

Луѓето влегуваат во вашиот живот, честопати ненадејно, а на ист начин и излегуваат. Поради некои од нив жалите, бидејќи сте верувале дека секогаш ќе бидете блиски. Сепак, не е крај на светот.

Како што стареете ќе пуштате помалку луѓе во вашиот живот, а во продолжение неколку причини зошто:

Колку сте постари, толку помалку сте подготвени да трпите одредени работи

Кога сте млади, честопати имате желба да бидете пријател со сите. Премногу се грижите за она што другите мислат за вас.

Можеби сте правеле одредени работи што веројатно не би се осмелиле да ги правите сега, само за некој да ве прифати.

Меѓутоа, тоа исто така било причина за создавање лоши пријателства.

Порано не сте ги воочувале предупредувачките знаци, но со годините сè помалку ви се троши време на токсични личности кои само ви ја крадат енергијата. 

Колку сте постари, толку помалку се грижите за запознавање нови пријатели

Стигнавте до точка кога запознавањето нови пријатели и дружењето веќе не се на врвот на вашите приоритети.

Тоа не значи дека не сте пријателска личност. Разговарате со луѓето, се дружите со нив, правите различни забавни активности, но не им ги кажувате вашите тајни.

Одамна ја минавте точката каде ви треба нов најдобар пријател бидејќи покрај вас имате луѓе на кои им верувате безусловно. 

zoshto-so-godinite-znachitelno-se-namaluva-brojot-na-vistinski-prijateli-i-zoshto-toa-e-vo-red-03.jpg

Колку сте постари, толку помалку ќе им верувате на луѓето

Дали сте биле изненадени кога сте виделе колку лесно луѓето ве напуштаат? Луѓето за кои мислевте дека се квалитетни и дека секогаш ќе бидат тука за вас?

Ова бил суров начин да ги отворите очите, но овие односи ве направиле посилни.

Во староста сте помудри и посвесни дека не можете да им верувате на сите, а тоа значително го намалува бројот на потенцијални нови пријатели. 

Колку сте постари, толку помалку сакате да ги ставате другите пред вас

Кога ќе престанете да се грижите за другите луѓе и ќе започнете да се сакате себеси, тогаш работите ќе се сменат на подобро.

Ќе престанете да ги правите работите само за да им угодите на другите и ќе правите работи за да се задоволите себеси.

Откако ќе престанете да им дозволувате на другите да ве третираат на лош начин, тогаш мнозинството ќе сфати дека веќе нема корист од вас.

zoshto-so-godinite-znachitelno-se-namaluva-brojot-na-vistinski-prijateli-i-zoshto-toa-e-vo-red-02.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg