Се срамат од развод и уште 8 необични навики и традиции на луѓето во Јужна Кореја

Не делат сметки во ресторан и толку се загрижени за својот углед, што не ни бараат помош за проблемите со менталното здравје - кои други навики и традиции можете да ги сретнете во Јужна Кореја?

naviki-i-tradicii-na-lugjeto-vo-juzhna-koreja-koi-ja-pokazhuvaat-unikatnosta-na-ovoj-narod-01.jpg

Јужна Кореја станува поприсутна во поп-културата благодарение на сериите како Squid Game и популарниот бенд BTS.

Поради ова, стануваме и посвесни за интересните навики и традиции на Корејците кои се многу поразлични од нашите.

Неколку детали од секојдневието на Корејците кои сигурно ќе ве изненадат:

Помладите многу ги почитуваат постарите

Уште од најрана возраст, нè учат дека треба да ги почитуваме постарите, но Корејците одат чекор подалеку.

Кога се запознаваат со некого, тие задолжително прашуваат за возраста бидејќи дури и ако е само една година постар, ќе му покажуваат почит како на многу повозрасна личност.

Односот кон постарите секогаш е поразличен и помладите се особено внимателни со нивните зборови и гестикулации.

naviki-i-tradicii-na-lugjeto-vo-juzhna-koreja-koi-ja-pokazhuvaat-unikatnosta-na-ovoj-narod-02.jpg

Кога ќе се родат, бебињата имаат една година

Кај нас бебето полни една година кога ќе помине една година од датумот на неговото раѓање.

Но, во Јужна Кореја се смета дека детето има една година на денот кога ќе се роди.

Слично броење на годините има и во Кина.

naviki-i-tradicii-na-lugjeto-vo-juzhna-koreja-koi-ja-pokazhuvaat-unikatnosta-na-ovoj-narod-03.jpg

Покажуваат благодарност кон предците со богата трпеза

И кај нас има обичај да се дава ручек кога ќе почине некој. На празниците како Духовден, пак, е нормално да се раздава храна на гробиштата во чест на починатите. 

Во Кореја ваквото покажување почит и благодарност е цела гозба.

Саканите на починатиот се собираат и поставуваат богата трпеза во негова чест. Со оваа церемонија, тие се надеваат и дека ќе добијат благослов од починатата личност.

naviki-i-tradicii-na-lugjeto-vo-juzhna-koreja-koi-ja-pokazhuvaat-unikatnosta-na-ovoj-narod-04.jpg

Не делат сметка во ресторан

Во многу земји во светот е нормално да се дели сметката во ресторан или секој да си плати за своето.

Но, во Кореја повеќето почитуваат друго правило – плаќа оној кој е иницијатор за средбата во ресторанот.

На овој начин тие се ротираат, односно денес иницијаторот ќе биде еден пријател, утре друг…

naviki-i-tradicii-na-lugjeto-vo-juzhna-koreja-koi-ja-pokazhuvaat-unikatnosta-na-ovoj-narod-05.jpg

Секогаш ги соблекуваат чевлите пред да влезат во нечиј дом

Како и во многу други азиски земји, влегувањето во нечиј дом со чевли е големо непочитување.

Според Корејците, со ова се валка домот на домаќинот, и со тоа се покажува непочитување.

naviki-i-tradicii-na-lugjeto-vo-juzhna-koreja-koi-ja-pokazhuvaat-unikatnosta-na-ovoj-narod-06.jpg

Давањето подароци е ритуал

Корејците се навистина дарежливи и уживаат во купувањето подароци за саканите.

А, имаат и цел ритуал кога даваат подарок.

Подарокот секогаш е завиткан во убава хартија, најчесто со светли бои, а се дава со двете раце.

Примачот, пак, не треба да го отвори подарокот пред личноста што му го дала, туку кога ќе биде сам.

naviki-i-tradicii-na-lugjeto-vo-juzhna-koreja-koi-ja-pokazhuvaat-unikatnosta-na-ovoj-narod-07.jpg

Достоинството е многу важно

Во корејскиот јазик постои збор – kibun – кој нема конкретен превод на македонски, но може да се протолкува како гордост, достоинство и слично.

Корејците секогаш пробуваат да го почитуваат kibun-от на другите.

Ова значи дека секогаш се смирени, па дури и кажуваат по некоја мала лага, за да ја зачуваат хармонијата во односот.

naviki-i-tradicii-na-lugjeto-vo-juzhna-koreja-koi-ja-pokazhuvaat-unikatnosta-na-ovoj-narod-08.jpg

Многу им е важно туѓото мислење

Додека ние пробуваме да се ослободиме од опсесијата со туѓото мислење за нас, во Јужна Кореја е многу важно како изгледате во очите на другите.

Корејците преземаат драстични мерки за да скријат „срамни“ детали од животот, како развод, лош академски успех или невработеност.

Всушност, повеќето не бараат помош ни за проблеми со менталното здравје од страв дека ќе си ја нарушат репутацијата.

naviki-i-tradicii-na-lugjeto-vo-juzhna-koreja-koi-ja-pokazhuvaat-unikatnosta-na-ovoj-narod-09.jpg

Многу се суеверни

Иако Јужна Кореја е напредна земја, голем дел од населението верува во суеверија.

Едно од најпопуларните е верувањето дека бројот 4 е баксузен. Па, честопати се изостава кога се нумерираат домови, паркинг-места и слично.

Тие избегнуваат и да подаруваат четири работи одеднаш.

naviki-i-tradicii-na-lugjeto-vo-juzhna-koreja-koi-ja-pokazhuvaat-unikatnosta-na-ovoj-narod-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg