8 работи кои ги правите, а ужасно им одат на нерви на соседите

Ја игнорирате Вибер групата со соседи: Да, на моменти оваа група е иритантна, но навистина не смеете да ја игнорирате комплетно и со тоа да ги забавувате процесите кога за извесно прашање треба да се изјаснат сите соседи.

10-raboti-koi-gi-pravite-a-uzhasno-im-odat-na-nervi-na-sosedite-01.jpg

Лаура Акано од Лондон е на чело на школата „Polished Manners“ која се фокусира на бон-тон однесувањето и добрите манири.

Таа овојпат се фокусира на односите со соседите и со кои потези најмногу ги лутите.

Работи кои ги правите, а ужасно им одат на нерви на соседите:

Погрешно паркирате

Ако сте себични кога паркирате и не внимавате дали ќе го затворите соседот, односно дали тој потоа ќе може да излезе, тогаш по автоматизам го будите неговиот револт.

Поради вас може да задоцни на работа или на медицински преглед, навистина нема потреба така да го загорчувате животот некому.

10-raboti-koi-gi-pravite-a-uzhasno-im-odat-na-nervi-na-sosedite-04.jpg

Ја игнорирате Вибер групата со соседи

Да, на моменти оваа група е иритантна, но навистина не смеете да ја игнорирате комплетно и со тоа да ги забавувате процесите кога за извесно прашање треба да се изјаснат сите соседи.

Нема потреба тука да споделувате мислење на секакви теми, но бидете културни и изјаснете се кога на пример се бара од вас дали сакате зградата да има обезбедување или кога станува збор за некое прашање околу лифтовите.

Правите врева

Најголема причина за пожалби од соседите се прегласните деца. Жалбите на оваа тема не сопираат.

Навистина не е место вашите деца да играат фудбал дома и да му тропаат над глава на соседот, за тоа постојат паркови. Исто така нивните игри дома нека се одвиваат во културна доба, а не кога сите одмораат.

10-raboti-koi-gi-pravite-a-uzhasno-im-odat-na-nervi-na-sosedite-02.jpg

Правосмукате на полноќ

Во ред е што внимавате на заштеда на електрична енергија, но навистина не смеете да правите врева со правосмукалката кога другите спијат.

Уште 4 работи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg