Македонија во Библијата е спомената околу 30 пати. Ова може да ни биде показател за благодатта која е дадена врз оваа земја. Како што плодовите созреваат под одредени услови, така и оваа Библиска Македонија има созреано рој светители и манастири кои до ден денес покажуваат чуда. Дали преку иконите, или моштите, сепак имаме бројни сведоштва за излекувани луѓе од тешки, и физички и психички заболувања. Но пред да се направи некоја поделба, мора да се спомене непобитната вистина дека секој манастир си е светиња сама по себе. Секој манастирски комплекс, секоја црква и параклис, секоја икона и реликвија, секое осветено тло, е свето.