Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што е тоа што нѐ тера масовно да читаме лоши и трагични вести?

Интересен феномен! Кога и да се објави вест од рубриката црна хроника, таа вест по автоматизам е секогаш најчитана и за неа секогаш се развива жестока дебата на социјалните мрежи.

masovno-klikame-loshi-vesti-i-posle-se-chudime-zoshto-stradame-od-depresija-01.jpg

Истото се случува и со вестите на телевизија - ударните вести се секогаш сензационалистички или известуваат за некоја трагедија: убиство, разорен земјотрес, масовна тепачка, војна, а неретко и развод на славна личност или фатен/а пејач/ка со дрога е поле на силен интерес кај голем дел од јавноста, независно дали се работи за настан или личност од државава или странство.

Малку размислував за синдромот „кликање лоши или трагични вести“ и мојот генерален заклучок е дека се работи за своевидно олеснување на личноста која чита таква вест, што таа трагедија или несреќа не ѝ се случила на неа.

Тоа не го правиме свесно - едноставно така функционира мозокот и психата на луѓето на едно несвесно ниво; ние во тие моменти не се ситиме на туѓата несреќа, напротив, сочувствуваме и нè обзема чувство на тага и стануваме депресивни и меланхолични. Но сепак, длабоко во потсвеста се кристализира олеснувањето и задоволството што не сме ние убиените, натепаните или загинатите.

Пример за оваа состојба е и разорниот земјотрес кој пред неколку месеци се случи во Турција.

Кај секој од нас се јави силно чувство на сочувство и тага, сите страдавме длабоко во душата за настраданите. Но, дали и вие почувствувавте своевидно олеснување или таканаречена „среќа“ што вие сте живи и здрави?

 Дали си направивте сценарио во глава што би било доколку вам ви се случеше ова? Дали во тој момент „дишевте полесно“ бидејќи не сте жртва на елементарна непогода?

Тоа се тие моменти кога,  иако звучи неубаво, нашиот мозок регистрира среќа додека препознава лоши или тажни вести.

Мешаните емоции во тие моменти не се ништо загрижувачко, ниту за осуда.

Инстинктот за преживување на луѓето е длабоко вкоренет во мозокот и потсвеста, така што доколку и вие се почувствувате така, верувајте ми, не сте безобзирни и себични, туку напротив, вие сте сосема нормални луѓе.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Кара | Црнобелo

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg