Ракија во шише од Coca-Cola, сарма во кутија од сладолед: Вообичаените начини на кои Македонците складираат храна дома
Признајте, барем еднаш во животот ви се случило да го отворите замрзнувачот и во пластичниот сад од сладолед да најдете смрзнати сарми. Интересно е што ова го практикуваат повеќето семејства на Балканот, не само во Македонија.
Дали и во вашиот дом компир салатата што не е дојадена се чува во пластичен сад од еурокрем?
Ги прашавме Македонците преку анкета на Инстаграм кои се вообичаените начини на кои складираат храна или предмети, а некои одговори искрено нè насмеаја.
Прочитајте ги одговорите и кажете ни дали ќе се пронајдете во некој од нив... А, слободно дополнете ја листата:
1. Ракија во пластично шише од Кока-Кола или Фанта;
2. Ајвар во тегла од мајонез;
3. Туршија во тегла од печурки;
4. Компот во тегла од цвекло;
5. Патлиџани (салца) во стаклени шишиња од пиво;
6. Сарми во пластичен сад од сладолед;
7. Компир салата во пластичен сад од еурокрем;
8. Феферонки во стаклена тегла од Нутела;
9. Конци и игли во метална кутија од колачиња.
А. Ј. | Црнобело