Прекрасни имиња за девојчиња и момчиња кои значат „ангел“
Гаврил е името на архангелот кој ја донесе веста за раѓањето на Исус - тој е и ангел на радоста, животот, вистината, соништата и судот. Кои други имиња може да им ги дадете на децата, а имаат значење ангел?
Ако бирате име за своето дете, но уште не знаете како сакате да го крстите, за вас издвоивме 5 машки и 5 женски имиња чие значење е „ангел“.
Можеби некое од нив ќе ви се допадне и ќе му го дадете на вашето дете.
Имиња за девојчиња:
Анѓа/Анѓела
Силно име кое доаѓа од грчкиот збор „angelus“, а што значи „ангел, гласник, предвесник“.
Ангела/Ангелина
Ова е уште една верзија на името што доаѓа од грчкиот збор „angelus“ што значи гласник или ангел.
Џина
Пократка варијанта на името Ангелина, односно Анѓелина со исто толку силно значење.
Ариел
Ова е англиската форма на хебрејскиот збор „Ari'el“ што во превод значи „лав Божји“. Ариел е и името на архангелот кој владее со водите.
Лејла/Лајла
Хебрејското значење на ова име е ноќ, односно „најубава од сите ноќи’. Лајла, меѓу другото, е и ангелот на ноќта во еврејската митологија.
Имиња за момчиња:
Ангел/Ангелко/Анѓелко
Ова е машката верзија на името што потекнува од грчкиот збор „angelus“, а што значи „ангел, гласник, предвесник“.
Гаврил
Гаврил е името на архангелот кој ја донесе веста за раѓањето на Исус. Тој е и ангел на радоста, животот, вистината, соништата и судот.
Ова библиско име е многу популарно. Значењето на хебрејското име Гаврил е „Бог е мојата сила“.
Рафаел
Ова име е со латинско потекло. Потекнува од зборот „rafa“ што значи лекува и „el“, односно семоќен, па во превод тоа значи „Бог лечи“ или „Бог исцелува“.
Во христијанскиот свет, Рафаел е еден од седумте архангели и се сметал за заштитник на науката, лекарите и патниците.
Михаил
Во Библијата, Михаил е ангелот кој водел други ангели во војна против сатаната. Значењето на името е „Оној кој е како Бог“.
Миховил
Ова име има исто значење како името Михаил и е една од неговите изведенки. Иако не се користи често кај нас, тоа е популарно насекаде низ светот.
А. Ј. | Црнобело